Скопје

(ФОТО) Со спреј испрскано и вандализирано училиште во Скопје

На социјалните мрежи денес се појави фотографии од од основно училиште во Скопје, а на истите може да се забележат ишкртани врати и ѕидови. Станува збор за основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.

„Основното училиште ,,Димитар Македонски” во населба Лисиче вандализирано. Нацртани сатанистички звезди, ишрктано со боја по ѕидовите, подот и вратите и уште разни други вулгарности. Најостро го осудуваме ова срамно, безобразно и нецивилизирано однесување“, стои во објавата.

На почеток