Вечерашните извештаи за загадувањето на воздухот со ПМ 10 честичките покажаа дека воздухот во Македонија е многу загаден.
Според апликацијата на Министерството за животна средина во Кавадарци измерени се рекордни 304 µg/m3.
Веднаш по Кавадарци следат Кичево со 239 мг/м3 и Тетово со 230 µg/m3.
Многу загаден воздух покажуваат и мерните станици во Велес и Гостивар, но и дел од мерните станици во Скопје.