По подолго боледување почина бизнисменот Адем Кочан, соопшти денеска неговото семејство. Кочан беше еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија, како пионер на приватната стопанска иницијатива и бизнис.
„Со длабока тага во срцата ве известуваме дека денес по подолго боледување почина нашиот сопруг, брат, син, татко и дедо Адем Кочан. Полн со живот и енергија која ги допираше сите кои го знаеа, Адем последната битка ја биеше тивко.Така и замина, опкружен со љубовта од најблиските. Нашата тага денес е единствено надмината од гордоста на него и животот кој го остави во секој од нас. На неговото последно патување ќе го испратиме утре на 10ти Ноември во 13.30 во Џамијата во Бутел 1, а погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во 14.30“, информира семејството.