Македонија

Откако ќе се излагласа недоверба на владата, ќе видиме што ќе следи, вели Стојановска

Убедена сум дека не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и сите потпишани на иницијативата за недоверба на Владата се јасни. Но, и оние кои се дел од СДСМ или владеачката коалиција треба добро да размислат. Резултатите беа јасни на локалните изборите, народот кажа не на оваа власт. Или власта е делегитимирана, рече пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на вечерашното гостување на Македонската телевизија.

„Откако ќе се излагласа недоверба на владата, ќе видиме што ќе следи нова влада или нови предвремени парламентарни избори“, рече Стојаноска.

Стојаноска објаснува дека заедничка цел на потпишаните кои се за недоверба на владата е јасна.

„Нашата цел е јасна, а тоа е власта да се детронизира, ние сите имаме заедничка цел“, рече Стојаноска.

Таа посочи дека поднесената иницијатива за гласање на недоверба на Владата е од луѓе кои се против заевизмот.

„Целта е јасна се бара промена на заевизмот, важно е да се формира мнозинство на база на принципи, а не уцени“, рече Стојаноска.

Стојаноска укажа на лошото владеење на СДСМ.

„РЕК Битола е во хаос, што е со хидороцентралите, тука е и однесувањето на Заев и власта во ковид кризата до каква последици доведе и што уште не, редица на случаи на криминал и корупција“, рече Стојаноска ставајќи акцент  на многуте кризи како корона кризата, како и актуелната енергетска криза.

Токму поради ова, рече Стојаноска, јасно е зошто се такви резултатите од локалните избори.

„Најголемиот проблем во државава е Зоран Заев. Секој дополнителен ден со Заев значи пропаст за граѓаните и државата“, посочи Стојаноска.

На почеток