Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вели дека видеото кое беше објавено од пратеникот изгледа на оние заробеници на терористички организиции.
„Ова е преседан кој ќе ни се врати од глава. Кога можете пратеник да киднапирате и да држите… Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата – порача Апасиев.
„Пратеникот до последно беше со нас, нешто се случило“, додаде Апасиев.