СДСМ и ДУИ да престанат со притисоци врз пратениците, апелира Беса
Движењето БЕСА одржа состанок на Централното претседателство. Во соопштението испратено до медиумите, меѓу другото, партијата на Касами изразува загриженост дека власта врши притисок врз пратениците на Беса.
„Апелираме до актуелната власт СДСМ-ДУИ итно да престане со притисоците со сите можни форми што се вршат врз пратениците на Движењето БЕСА. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница во оваа земја. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Северна Македонија се ставаат во опасност“, се вели во соопштението на Движењето Беса.