Македонија

СДСМ ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во партијата

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 најави дека партијата ќе се обиде да го врати Максим Димитриевски во своите редови.

„СДСМ ќе влезе во постапка во која верувам на база на сите дискусии кои сме ги имале после изборите ќе извлече поуки, ќе донесе многу одлуки.  СДСМ ќе направи се преку сите процеси и промени што ги прави, и верувам дека и овој предизвик пред кој се наоѓаме ќе го решаваме сите заедно и дека обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, ќе биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“, рече Николовски.

На дополнително прашање од водителот, „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски одговори:
„Ќе се обидеме да направиме сè, да“.

На почеток