ВМРО-ДПМНЕ ќе бира претседател во декември
Од
Објавено на
На 12 декември во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ќе одржи редовен паркиски конгрес на кој ќе се трасира патот за идното делување и политиките на партијата, соопшти вечерва членот на Извршниот комитет (ИК), Драган Ковачки.
Датумот за конгресот е утврден вечерва на седницата на ИК која се одржува во партиското седиште, а на него ќе се избира и лидер со оглед дека мандатот на Христијан Мицкоски истекува.
„Очекуваме претседателот да биде кандидат на претстојниот конгрес согласно резултатите кои ги покажавме на последните локални избори“, рече Ковачки.