Македонија

Македонската амбасада во Канбера меѓу најголемите должници за погрешно паркирање

Австралискиот весник „Канбера Tајмс“ објави листа на амбасадите во Канбера со најголем број сообраќајни прекршоци, кои се истовремено и најголеми должници за погрешно паркирање.

Македонската амбасада е на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.

Најнедисциплирана во Австралија е руската амбасада.

Египетската адо 2015 година ги плаќала сите казни на своите вработени, но отогаш само на службените дипломатски возила, а службениците со свои возила со дипломатски таблички се должни сами да ги подмират казните.

Законот беше променет пред две години, па за првпат дипломатите кои прекршиле сообраќајно право или не почитувале правила за паркирање, доколку одбијат да ги платат казните, може да ја изгубат возачката дозвола.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток