Македонија

Правда не сака да ги обештети обвинетите за „Ровер“

Министерството за правда одби да се спогоди, односно не им понуди парична сума за обештетување на обвинетите во случајот „Ровер“, кои по девет години судење и три години поминати во притвор, добија правосилна ослободителна пресуда, пишува Фокус.

Обвинетите, Љубе Бошковски, Зоран Трајковски, Гоце Митровски, Никола Негриевски, Сашо Јовановски и Ивица Ристиќ, кои се гонеа за вмешаност во двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев од далечната 2001 година, правосилната ослободителна пресуда ја добија на почетокот на годината, но се уште не добија обештетување од државата. Како што е редот, тие најпрвин се обратиле до Министерството за правда, со барање да им се понуди износ на надоместок за претрпената материјална и нематеријална штета, но од таму ги упатиле правото да си го бараат пред надлежен суд.

-Министерството за правда по проучување на приложеното барање, односно понуда за спогодбено утврдување на штета, согласно член 551 став 1 од Законот за кривичната постапка, ве известува дека не го усвојува барањето за надомест на материјална и нематеријална штета поради неосновано лишување од слобода.
Истовремено, го упатуваме подносителот на барањето на своите права да ги остварува во натамошна постапка со поднесување на тужба за надоместок на штета пред надлежен суд, се наведува во известувањето од Министерството за правда испратено до оштетените.

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток