Македонија

Гостиварец пронајден мртов во домот, имал повреда на главата

На 21.11.2021 во 15.15 часот М.С.(32) од Гостивар пријавил дека во Гостивар, во неговиот дом бил пронајден починат неговиот дедо Ќ.С.(83) со повреда на главата. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

На почеток