Македонија

Годинава откриени 4 лица кои копале криптовалути

Во текот на 2021 година откриени се 3 кривични дела и пријавени четири лица за кражба на струја за копање на криптовалути, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински Брифинг .

-Крадењето на струја не е нешто што се случува сега, тоа се актуелизира во моментов. Само во СВР Скопје во 2021 година има 41 кривчно дело , поднесени се 40 крвични пријави против 45 сторители. Од извршените проверки утврдени се 3 кривчни дела од 4 сторители за недозволено приклучување на компјутерска опрема за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, вели Спасовски.

На почеток