Шекеринска: Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени
Од
Објавено на
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил упати сочувство до семејствата на сите жртви, а им посака и брзо и целосно опоравување на сите повредени во страшната несреќа која се случи во Бугарија.
„Страшна трагедија! Сочувство до семејствата на сите жртви и брзо и целосно опоравување на сите повредени. Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли и сила ги упатуваме кон оние кои ги загубија своите најсакани – вечен да им е споменот!“, пишува Шекеринска.