Македонија

Едномесечни близначиња најмлади пациенти на коронавирус во Козле

Едномесечни близначиња се најмладите пациенти  заразени од коронавирус во Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, изјави директорот на клиниката  Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

– Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме на лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје – рече Зеќири.

На почеток