Македонија

Алтернатива бара министерски, но и вицепремиерски места, но никој не ги потврдува ниту негира условите

Две министерски и две вицепремиерски бара од Алтернатива од СДСМ, брифираат извори од партиите. Неофицијално, едно од местата за кое се преговара и министерското место во Министерството за здравство. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, не ја потврди, ниту негираше оваа информација. Тој пред средбата, кажа дека најважно засега е да се совпаднат концептите кои ги има неговата партија со оние на СДСМ и ДУИ.

Сепак, на средбата заедно со него беше Беким Сали, стоматолог по професија и сопственик на ординација. Токму со ова се подгреа атмосферата дека брифинзите за медиумите, се можеби и точни информации. На средбата беше постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

Премиерот Зоран Заев не сакаше да коментира за средбата. Африм Гаши до моментот на објавување на овој текст, нема дадено изјава.

На почеток