Заев си одбра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ
Зоран Заев си одбра послушен продолжувач на заевизмот во СДСМ во Димитар Ковачевски. Целиот циркус и драматизирање околу наводни демократски избори во СДСМ се непотребни. Јасно е дека Заев во приватната и заробена партија СДСМ си инсталираше свој пиун, наследник, портпарол и продолжувач на погубните политики, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Димитар Ковачевски е човек кој беше дел од погубните политики на Заев како заменик министер за финансии. Тој е дел од екипата поради која Македонија се дави во економска, енергетска и здравствена криза. Ниту еднаш не се спротивстави на политиките на Заев поради кои Македонија потона во криминал и корупција. Затоа за Заев Ковачевски е идеалниот наследник кој ќе молчи и ќе ги прикрива криминалите на неговиот ментор.
Ковачевски е втората генерација на олигархијата и транзициските политичари. Првата генерација преку приватизацијата грабаа, а овие вторите ја докусурија Македонија. Доста е од транзициските политичари. Граѓаните на избори јасно покажаа дека се против Заев и заевизмот. Народот бара суштински промени. Тие промени ќе дојдат после брзи предвремени избори кога Заев и заевизмот ќе биде испратен во историјата“, се вели во соопштението.