Заев на средба со владините коалициски партнери
Од
Објавено на
Започна средбата на премиерот Зоран Заев со партиите од владината коалиција. Тој ќе ги информира за договорот за влегување на Алтернатива во Владата.
Изјави не се предвидени, а по средбата ќе има соопштение.
Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри, објавија вчера лидерот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев кои вчера потпишаа и програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата.
Во меѓувреме, на 12 декември СДСМ ќе избира наследник на Заев, кој ќе ја напушти и премиерката функција.