Николоски: За 4 години Мицкоски ја стабилизираше партијата, наредните 4 години тоа ќе го направи во државата
За прв пат ВМРО-ДПМНЕ прави Конгрес во Скопје затоа што сакаме симболично да ја означиме победата на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ на овој Конгрес ќе излезе со нова доктрина која ќе го постави концептот на работа кој ќе оди од центар, ќе оди према лево, малку и ќе оди кон центар десно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во радио Лидер.
„ВМРО-ДПМНЕ останува народна, демохристијанска и центар десна, а сега сакаме малку да ја отвориме партијата. Сакаме во неа да се препознаваат сите. И она што е многу значајно тоа ќе биде партија за сите кои не сакаат корупција, а сакаат подобар животен стандард“, рече Николоски.
Ова е редовен Конгрес, додаде тој, на кој ќе победи претседателот Мицкоски, и ако во претходните 4 години ја стабилизираше и ја направи победничка партија, следните 4 ќе ја стабилизира државата.
„Очекувам многу скоро уште првата година да стане премиер“, рече Николоски.
Она што е специфично е што партијата беше единствена партија под судски прогон на власта.
„И Катица Јанева кажа дека тоа е политички процес кога го отвори предметот за партијата“, рече Николоски.
Тој објасни каде е сега по 4 години ВМРО-ДПМНЕ.
„Сега е победничка партија, кредибилен партнер на граѓаните, партија посакувана за партнер од сите политички партии, партија партнер на меѓународната заедница, граѓанското општество. И сега е сериозно подготвена да ја води Македонија. А за овие 4 месеци нашите градоначалници покажаа деа може да сработи повеќе од тоа што они го направија за 4 години“, рече Николоски.