Македонија

(ФОТО) Дете од Велес било натепано, премрзнато, гладно – страшно сведоштво!

Новинарката Убавка Јаневска, на социјалните мрежи објави фотографија од дете на кое тројца граѓани се обиделе да му помогнат. Детето било тепано, премрзнато и гладно, и од страна на итната помош било префрлено во велешката болница.

„Премрзнато, накиснато, голо, босо, гладно! И тепано!! На ова дете се обидовме да му помогнеме тројца граѓани, пекара Ане продукт и медицинска екипа на Итна помош. Го однесоа во болница а не успеавме да дознаеме кој го тепал и каде е мајката што постојано си ја бара. Само го смиривме, обезбедивме со кифла и вода. Друго не ни можевме да купиме барем да го стоплиме. Ова е случај, рекоа жените од пекарата, за кој е потребна грижа кога веќе родителите не можат да се грижат.

Мерт, искрено се надевам дека социјален работник веднаш ќе те посети на детско одделение во велешката болница. Дека ќе останеш во топла соба и ќе добиеш нега и храна. И никој повеќе нема да те тепа

Државо, имаш случај и мораш да помогнеш – па ова е само дет и му треба помош!“, стои во објавата.

На почеток