Ауди удрило во полицајци додека бегало од полициска патрола

Од
Објавено на

На 12.12.2021 околу 00,25 часот кај клучка Тремник во близина на Неготино при обид да биде сопрено патничко моторно возило „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки поради сомнение за криумчарење на мигранти истото не застанало на даден знак од полициски службеници и удрило во двајца полициски службеници.
Тие се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од полициска станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
