Магазин

И да облечам венчаница пред поп не застанувам: Цеца објави фотка со прстен

Пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија со прстен, па поради тоа започнаа шпекулацииите дека нејзиниот дечко Богдан ја побарал за жена.

Таа сега ги прокоментира овие приказни и откри дали планира по втор пат да се мажи.

„ Сакав да напишам дека не сум добила еден, туку два прстена. Тоа се глупости. Јас ви имам кажано дека веќе нема да се мажам. Можам себе си да се замислам во венчален фустан, но да пеам на плејбек. И со задоволство облекувам венчални фустани, и пак ќе облечам, но да застанам пред матичар и поп, тешко“, рекла фолк пејачката во емисијата „Премиера“.

Таа и Богдан од лани зимата се во љубовна врска, и медиумите постојано пишуваат за нив.

На почеток