Се запали семејна куќа во Слупчане
Од
Објавено на
Се запали кровот на семејна куќа во липковското село Слупчане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи.
Кумановските пожарникари интервенирале нешто повеќе од два часа.
– Вчера, Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатиот период имале една интервенција во село Слупчане на запалена семејна куќа на која целосно изгоре кровна конструкција. Шесте пожарникари интервенирале во периодот од 12:20 до 16:55 часот, со две противпожарни возила. Причината за пожарот и материјална штета се непознати, соопшти РЦУК Куманово.