Скопје

(ФОТО) Ѕид падна на улица во Карпош

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на социјалните мрежи објави дека вчера вечер на улица паднал ѕид од приватен објект.
„На улица Скупи вчера вечер, паднал ѕид од приватен објект на самата улица.
Иако се работи за приватен објект, веднаш утрово општинските служби излегоа на терен и ја расчистија улицата од рушевините.
На сопственикот му е даден рок да го расчисти и огради плацот затоа што безбедноста на граѓаните е најважна“, вели Јакимовски
На почеток