Скопје

Советот на Гази Баба го усвои Буџетот за 2022 година

Советот на општина Гази Баба, денес го усвои Буџетот за 2022 година.

„Во Буџетот, се определени средства за:

Нова детска градинка

Нова училишна спортска сала во Булачани

Фекална канализација за Гоце Делчев, Јурумлери, Страчинци, Црешево, Смилковци и Трубарево

Продолжување на градбата на салата во училиштето во Стајковци

Асфалтирање на улици во Јурумлери, Трубарево, Инџиково и сите други населени места

За прв пат се воведуваат субвенции за граѓаните за велосипеди, електрични тротинети, уреди за вградување на течен нафтен гас на автомобилите и чистење на оџаците, како и продолжување на субвенциите за инвертер клима уреди и печки на пелети.

Како и многу други проекти од сите области на секојдневното живеење.

Буџетот за 2022 година е најразвојниот буџет во историјата на општината.

Следува година на реализација на голем број на проекти. Општина Гази Баба мораме и ќе ја направиме подобро место за живеење“, вели градоначалникот Стефковски.

На почеток