Свет

Син ја закла мајка си

Син ја закла мајка си во хрватскиот град Сплит, а на полицајците им рекол дека убил демон.

Индекс.хр пишува дека син со нож ја убил неговата мајка, а нејзиното тело полицијата го пронашла во нивниот стан.
Полицајците покренаа кривична истрага против Иво П. (28) поради сомнение дека сторил кривично дело „тешко убиство“.

Полицијата дошла на вратата од станот на семејството по пријавата на загрижените соседи дека неколку дена не можат да стапат во контакт со неа. Нив ги пречекал нејзиниот син. Тој им рекол на полицајците: „Убив демон“. Веднаш е уапсен, не пружајќи никаков отпор. Синот е однесен во психијатриско одделение.

Ова е трето тешко убиство на жена во Сплит за три месеци.

На почеток