Свет

Расте бројот на самоубиства во Ирак, над 35% се помлади од 20 години

Самоубиствата во Ирак оваа година се во пораст. Повеќе од 700 луѓе си го одзеле животот, од кои 36,6 отсто се на возраст под 20 години, според денешното соопштение на ирачките власти, јавува Анадолија.

Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Калид Ал-Мухана, изјави дека оваа година се самоубиле 772 лица, наспроти 663 самоубиства во 2020 година.

Тој рече дека околу 36,6 отсто од оние кои извршиле самоубиство се помлади од 20 години, според државната новинска агенција ИНА.

„Од сите овие случаеви, 55,9 отсто се мажи, а 44,1 отсто се жени“, рече Ал-Мухана.

На почеток