Скопје

Арсовска наместо да ги зголеми, ги намалува средствата за еколошки мерки, обвинува СДСМ

Чиста лага се ветувањата на Данела Арсовска дека ќе вложува во животната средина и ќе се бори против аерозагадувањето, вели СДСМ.

„Буџетот за 2022 на Град Скопје покажува дека Арсовска наместо да ги зголеми, дополнително ги намалува средствата за еколошки проекти и мерки.

За 10 отсто се намалени средствата за подигнување ново зеленило, паркови и дрвореди за следната година, а исто така ќе бидат набавени 33 отсто помалку садници во споредба со 2021 година.

Во буџетот за 2022 година не се предвидени ниту средства за изведба и проектирање на новите паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир, што Арсовска ги ветуваше пред изборите.

Со ваквото кратење на буџетски пари и неисполнување на дадени ветувања, Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина.

Жителите на Скопје не заслужуваат ваков третман. Наместо да работи за интересите на градот, таа стопира проекти, врши груба партизација.

Тоа е крајно нечесно, лицемерно и неодговорно однесување кон Градот и кон скопјани“, се вели во соопштението.

На почеток