Македонија

7 малолетници завршија на токсикологија

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објави дека на клиниката за токсикологија се примени 17 пациенти, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години

„На клиниката за токсикологија примени се 17 пациенти, 11 се примени поради алкохолизираност после соодветниот третман сите се добри. Во службата за итна медицинска помош имало околу 50 повици, главно поради алкохолизирана состојба, помалку поради физички пресметки, и еден повик поради тешка сообраќајна несреќа. Во инфективното одделение, 60 примени пациенти, околу 40 се со кислородна поддршка“, рече Филипче.

На почеток