Свет

Корона и на Антарктикот, најмалку 16 вработени заразени со Ковид

Белгиската научноистражувачка станица на Антарктикот го рашири коронавирусот, иако сите вработени се целосно имунизирани и се наоѓаат во еден од најоддалечените региони во светот.

Од 14 декември, најмалку 16 од 25-те вработени во поларната станица „принцезата Елизабета“ се заразени, јавува Би-Би-Си.

Надлежните велат дека засега сите имаат благи симптоми.

Проектниот менаџер на Меѓународната поларна фондација Џозеф Чик изјави дека на сите жители на станицата им било понудено да патуваат со редовен лет на 12 јануари, но дека сите изразиле желба да останат и да продолжат да работат.

„Ситуацијата не е драматична, иако моравме да ставиме во карантин голем број членови на екипажот, тоа значително не ја наруши работата на станицата“, рече Чик.

Првиот случај на вирусот во станицата беше откриен на 14 декември во тимот кој пристигна една недела порано.

Членовите на тимот и другите позитивни лица беа ставени во карантин, но вирусот продолжи да циркулира.

На почеток