Заострени мерки за влез во Црна Гора
Од денеска се заострени условите за влез во Црна Гора за странските државјани поради епидемиската состојба, а во секој случај задолжително е ПЦР тест не постар од 72 часа или брз антиген тест не постар од 48 часа.
Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата докази од потврдата за коронавирус – дека лицето е целосно вакцинирано со пропишаниот број дози на вакцина против коронавирус и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза.
Влезот е возможен со доказ дека лицето прележало Ковид-19, дека поминале не помалку од 10 дена и не поминале повеќе од 180 дена од позитивен ПЦР или брз антигенски тест.
„ Во двата случаи, лицето мора да има или негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген кој не е постар од 48 часа. Тоа значи дека повеќе не може да се влезе во Црна Гора само со негативен тест“ соопшти Министерството за здравство.
Влезот во земјата без овие докази е можен, но со утврдување на самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано по три дена по негативен ПЦР тест.