Македонија

Наместо во затвор, Катица новата година ја славеше во Гевгелија

Катица Јанева цел викенд била во Гевгелија. Била гледана низ гевгелиските улици, а Новата година ја дочекала со семејството во семејниот дом. Од затворот „Идризово“ ја земал нејзиниот син Лазар Јанев, по што заедно ја испратиле старата година. Најверојатно, таа користи погодности кои ги овозможува законот. За ова потврда нема.

Пробавме да добиеме информации од новиот директор на „Идризово“, Реџеп Реџепи, но неуспешно. Во затворската управа никој не одговараше на повиците.

Судот донесе пресуда за предметот „Рекет“ и го осуди Бојан Јовановски-Боки 13 на 9 години затвор, додека на Катица Јанева и одреди 7 години затвор.

На почеток