Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа нејзината историја, вели Петков
Сметам дека добрососедството со Северна Македонија треба да биде најважно и бара многу работа, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за бугарска телевизија.
„Укинувањето на ветото на Бугарија за Северна Македонија е работа што мора да ја направат и македонската и бугарската страна и да се постигне напредок во сите важни точки“, ја пренесуваат изјавата на Петков, бугарските медиуми.
Премиерот го нарекол „провокација“ рускиот филм со кој како што смета се припишуваат бугарски историски симболи на Северна Македонија.
„Не знам дали тоа доаѓа на ниво на држава или од директор“, кажал тој.
„Бугарија не може да биде рамнодушна кога некој се обидува да ја поткопа бугарската историја“, изјавил Петков.