Коронавирус

Четири починати од коронавирус во Црна Гора

Во последните 24 часа во Црна Гора од последици на корона вирусот починале четири лица, а регистрирани се 1.704 нови случаи на заразени, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Тестирани се 4.517 примероци за коронавирус, а учеството на позитивните е 37,72 отсто.

Најмногу новозаразени има во Подгорица – 797 лица.

Вкупниот број на починати од инфекција со Ковид 19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е – 2.420.

Вкупниот број на активни инфекции е 12.507.

На почеток