Македонија

Зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството.

Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите.

Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет.

Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска.

Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?“, се вели во соопштението.

На почеток