Коронавирус

Француските лекари заразени со ковид, смеат да одат на работа под еден услов

Франција им дозволи на здравствените работници кои се заразени со корона вирусот, но имаат мали или никакви симптоми, да продолжат да ги лекуваат пациентите наместо да се изолираат.

Според агенцијата АП, ова е вонредна мерка која има за цел да го ублажи недостатокот на персонал во болниците и другите медицински установи предизвикан од невиденото разгорување на инфекцијата.

Посебно ослободување од правилата за карантин се воведува за вработените во болниците, домовите за стари лица, лекарските ординации и другите основни здравствени установи.

Надвор од здравствениот сектор, за лицата кои не се опфатени со посебното ослободување, француските правила за карантин бараат најмалку пет дена самоизолација за целосно вакцинирани лица кои се позитивни на тестот.

Во упатствата на француското Министерство за здравство се наведува дека, заразените работници не смеат да бидат во контакт со невакцинирани пациенти или оние кои се изложени на поголем ризик од тешки симптоми на Ковид.

На почеток