Македонија

Ковачевски го компромитира УКИМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Пиунот Ковачевски го компромитира УКИМ, челници на факултети спротивно на закон поставени на раководни позиции во СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиунот Ковачевски, по стапките на Заев од прв ден почна да крши закони. Ковачевски го погази Законот за високо образование со назначувањето на Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн за член на ИО на СДСМ, но и со назначувањето во истото тело на Ана Данева Маркова, која е продекан на медицинскиот факултет.

Ралев и Маркова Данева според закон не смеат да имаат функција во политичка партија, бидејќи функцијата декан и продекан не се споиви со партиска функција, тие се челници на факултети и треба да бидат гарант за независноста и автономноста на факултетот.

Ако намерата на Ковачевски, Ралев и Маркова Данева била искрена тие ќе си поднеле оставки од функциите на факултетите пред да бидат назначени во СДСМ, бидејќи и Ралев и Маркова Данева знаеле и морале да знаат дека тоа што го прават е незаконски. Самиот факт што не го направиле тоа говори дека тие ги злоупотребуваат позициите на факултетите во политички цели.

Ралев и Маркова Данева да си дадат оставки на позициите веднаш и да не ги злоупотребуваат раководните позиции во своите матични факултети во политички цели.

Тоа е политиката на Ковачевски. Злоупотреби и кршење на закони уште од прв ден“, се вели во соопштението.

На почеток