Поради омикрон се заоструваат правилата за влез во Словенија
Негативниот тест за влез во Словенија од понеделник ќе биде пократок од досега, предвидува новиот протокол на Владата, која реагираше на забрзано откако се прошири варијантата омикрон.
Валидноста на негативниот ПЦР тест при влез во Словенија ќе биде 48 часа од брисот, а брзиот антиген тест 24 часа од брисот.
Исто така, со новите мерки, кои стапуваат на сила од понеделник, ќе се променат условите за користење на јавниот превоз, така што ќе биде дозволено да го користат само лица кои се вакцинирани, кои прележале коронавирус или имаат негативен тест, а мора да носат заштитна маска, пренесува Index.hr.
Бројот на патници е ограничен во возовите и автобусите, а потребно е растојание меѓу патниците на местата за стоење. Јавните сообраќајни претпријатија се задолжени за контрола и спроведување на протоколот.
Според неофицијални податоци, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 4.468 нови случаи, што е речиси 3.000 повеќе од пред седум дена, а епидемиолозите стравуваат дека со ширењето на варијантата омикрон, која станува доминантна, бројот на дневни инфекции може да се зголеми на 10 000.