Коронавирус

Над 4.000 ученици заразени со ковид во Хрватска

Вкупно 4.116 ученици и 990 вработени во училиштата во Хрватска во моментов се позитивни, соопшти Министерството за наука и образование.

Загреб има најактивни случаи меѓу учениците, а Сплитско-далматинската жупанија меѓу вработените во училиштата.

Од 1.102 позитивни ученици во Загреб, 617 се основци, а 485 средношколци.

Во сплитско-далматинската област има вкупно 957 позитивни ученици, 510 во основните и 447 во средните училишта.

На почеток