Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски набавува златни чинии и лажици, а граѓаните немаат пари да ја поминат зимата

Колку е однароден заевизмот покажува одлуката за набавка на златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски. Ковачевски доаѓањето на позиција премиер го почнува со нови позлатени чинии кои вредат 88 евра парче, лажици од 10 евра по парче, кристални чаши и што ли уште не во вкупна вредност од 37 илјади евра, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време кога просечниот граѓанин нема пари да ја помине зимата заради високите цени во маркетите, поскапената струја за 15%, поскапеното парно за 14%, заевизмот во ново руво арчи безмилосно народни пари.

На Заев Втори викан Ковачевски му дошло да набавува луксузен порцелан и прибор во време кога имаме економска криза, илјадници затворени компании, рекордно најмалку странски инвестиции во регионот, инфлаторна спирала, јавно здравство на колена, земјоделство во очај, корупција до плафон.

Ете затоа граѓаните се најсиромашни и најнесреќни во Европа, а елитата на заевизмот јаде со златни лажици.

Мора да се стави крај на оваа забеганост на заевизмот, а тоа единствено е можно на предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

На почеток