Почина тримесечно бебе позитивно на ковид во Црна Гора
Од
Објавено на
Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 2.217 новозаболени лица и три смртни случаи, меѓу кои бебе помало од три месеци, соопшти Институтот за јавно здравје.
Лекарите од Заводот за итна медицинска помош побарале обдукција на починатото бебе, кој треба да ја открие причината за смртта, со оглед на тоа што во пренаталниот период биле констатирани одредени проблеми со срцето на детето, кое исто така било позитивно на ковид.
Најмногу новозаразени има во Подгорица – 595, а вкупниот број на моментално активни инфекции е 15.773.