Коронавирус

Франција ги олеснува правилата за патување за граѓаните на Велика Британија

Франција од петок ќе ги олесни правилата за патување за британските граѓани, соопшти денеска владата на таа земја.

Според Би-Би-Си, на вакцинираните британски граѓани ќе им треба негативен тест за коронавирус не постар од 24 часа, според новите, релаксирани правила.

На тој начин ќе престанат да важат старите, построги мерки со кои се бараше вакцинираните патници да одат во изолација при влез во Франција.

И понатаму ќе важат истите правила за влез во државата за невакцинираните граѓани, што е 10 дена задолжителна изолација.

На 18 декември, француските власти ги заострија правилата за патување за британските граѓани во обид да го забават ширењето на високо заразниот вид омикрон на корона вирусот, потсетува Би-Би-Си.

Земјава се бори со тешка епидемиолошка состојба, а според последниот пресек, регистрирани се рекордни 368.817 случаи на коронавирус и 341 пациент починат од последиците на Ковид-19.

На почеток