Леталото Марс Експрес над црвената планета снимило огромен кратер Королев, во кој имало лед.
„Фасцинантните фотографии изгледаат како само во овој дел да паднал снег“, вели Европската вселенска агенција.
Широк 82 километри, Королев содржи околу 850 кубни километри замрзната вода, колку што има и езерото Грејт Бер во северна Канада, а мразот во неговиот центар е дебел околу 1,5 километри.
Како и на Земјата, така и на Марс има годишни времиња, и таму потоплите годишни времиња резултираат со намалување на ледот. Но овој кратер, кој е создаден со големо влијание над Марс во неговото дамнешно минатото, е малку чуден.
Кога воздухот патува над мразот, тој се лади и потонува и тоа резултира со слој на студен воздух, кој се наоѓа директно над мразот. Поради тоа што воздухот е слаб спроводник на топлина, овој студен слој дејствува како изолатор кој го штити ледот од потоплиот воздух и така спречува топење.
именуван по рускиот ракетен инженер Сергеј Павлович Королјев.
A beautiful #winter wonderland… on #Mars! This ice-filled crater was imaged by our Mars Express spacecraft. Korolev crater is 82 kilometres across and found in the northern lowlands of Mars.
More images: https://t.co/48Czjh80Qb pic.twitter.com/5KDQ1PJ0jt— ESA (@esa) December 20, 2018
