Скопје

Продолжен рокот за субвенции за чистење оџаци во Скопје

Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци во Скопје е продолжен до 31.12.2018 година.

„Чистењето на оџакот треба да е извршено од стручно лице вработено во регистрирана фирма за оџачарство.

Согласно последните информации, од објавувањето на јавниот повик во Скопје се исчистени 492 оџаци, што е значително зголемување во споредба со претходната година кога беа исчистени 274 оџаци.

Ги повикуваме сите правни и физички лица да се пријавуваат на повикот за доделување на субвенции за чистење на оџаци, независно од периодот кога е оџакот исчистен, во текот на оваа календарска година, со валидна документација“, велат од Град Скопје.

Јавниот повик за субвенции за чистење на оџаци е дел од мерките кои Градот Скопје ги презема со цел намалување на аеро-загадувањето и подобрување на животната средина.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток