Коронавирус

СЗО: Ризикот од омикрон е многу висок

Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со овој вид останува „многу висок“.

„Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикронот останува висок. Омикрон се шири многу побрзо од делтата, што доведува до поголема инциденца отколку што сме виделе во пандемијата претходно“, велат од СЗО за Гардијан“.

СЗО додава дека, и покрај тоа што е помала веројатноста да има сериозен тек на болеста од претходните видови, таа е многу заразна, што резултира со зголемени хоспитализации и продолжување со притисок врз здравствениот систем во многу земји, што може да доведе до значителна смртност.

„Во многу земји се пријавени многу хоспитализации и интензивна нега, бидејќи тоа се нивоа на инфекција што не ги видовме за време на пандемијата. Потребни се повеќе податоци за да се разбере јачината на сојот, според потрошувачката на кислород, употребата на респиратори и смртните случаи на омикрон“, додаваат од СЗО.

На почеток