На -18 дел од Сараево останува без парно поради недоволно гас
Поради недоволното количество природен гас, кантоналното јавно комунално претпријатие Сараевогас д.о.о. започна со исклучување на Сараевската топлана од гасниот систем.
Топлан вели дека шест големи котлари веќе се затворени, а се очекува да бидат затворени и сите други котлари, пренесува Klix.ba.
„Во таа насока, можеме да очекуваме утре голем број граѓани да останат без греење“, додаваат оттаму.
Со оглед на тоа што во изминатиот период поради истиот проблем беа потрошени одредени количини алтернативни горива, а бидејќи се очекуваат екстремно ниски температури во наредниот период, Топлана – Сараево нема доволни количества гориво за затоплување.
„Доколку утре не се исполнат условите за нормализирање на снабдувањето со природен гас, нашите корисници нема да имаат редовно снабдување со топлинска енергија“, додаваат оттаму.
Метеоролозите прогнозираат дека минималните температури во Сараево во понеделник и вторник ќе достигнат до -18, а максималните дневни ќе бидат минус 1.