Македонија

Од денес за итни повици ѕвoнете на 112

Од денеска во функција е ставен бројот за итни повици 112, на кој во најкраток можен рок граѓаните ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада.

– МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме. Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна – вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Утрински брифинг за воведувањето на новата линија 112.

На почеток