Илиеска: Иако е покачена просечната плата вие сега можете да купите помалку стоки
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска во „Топ тема“ на Телма истакна дека граѓаните со просечна плата сега можат да купат многу помалку и колку и власта да се фали дека ја покачила, граѓаните секојдневно се изложени на поголеми трошоци и просечната плата помалку им вреди.
– Без разлика што просечната плата се покачила вие за просечна плата сега може да купите помалку стоки Сите оние кои во 2020 и 2021 добивале просечна нето плата тоа би изгледало дека со просечна исплатена плата во 2020 сте можеле да купат 528 литри бензин, а во 2021 година 383 литри бензин што е 144 литри помалку. Ако земеме масло за готвење од 70 денари во 2020 ја достигна цената во 2021 година 100 денари и со просечна минимална плата во 2020 година сте можеле да купите 788 литри, а во 2021 година 447 литри, рече Илиеска.
Таа посочи дека граѓаните се изложени на дополнителни давачки, даноци, покачена електрична енергија и затоа владата треба да понуди мерки кои реално ќе помогнат, а не популистички, мерки, додавајќи дека минималната плата е социјална , а не економска мерка и има многу граѓани кои се исклучени од неа.
– Минималната плата е социјална мерка, а не економска мерка. Од овој систем се исклучени се сите компании кои се во стечајна постапка, немаат исплатено даноци придонеси плати, и сите работници кои биле субвенционирани за персонален данок со претходни мерки се исклучени од зголемување на минимална плата, рече Илиеска.