Слаб земјотрес во Црна Гора

Од
Објавено на

Слаб земјотрес со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Црна Гора утрово во 05.28 часот, со епицентар девет километри северозападно од Рисан.
Секторот за сеизмологија при Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора соопшти дека интензитетот на епицентарот на земјотресот бил од III степен од Меркалиевата скала.
Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 18 километри.
Земјотресот не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.
