Градските комунални инспектори денеска согласно со Законот за јавна чистота изрекоа казна на правен субјект за излегување на товарно возило со валкани гуми на тркалата од градилиште на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов.
Градските комунални инспектори согласно Законот за јавна чистота вршат редовни надзори и контроли на градилиштата во Скопје во однос на излегувањето на товарните возила од градилиштата со валкани гуми на тркалата и покривање на камионите со церади.