Утрината комунални служби ги чистеа остатоците од кампот на групата која под покровителство на ,,Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, неколку месеци кампираше во ,,Жена парк“, спроти Собранието на РМ, пишува Ако.мк.
Импровизираните камп куќарки, шаторите и другите реквизити се отстранети во текот на ноќта. Демонстрантите што престојуваа тука повеќе месеци ги нема.
Тие во текот на изминатиот период, секој ден попладне ја блокираа сообраќајницата пред македонскиот Парламент, поради промената на името и уставните измени.
Но, тоа предизвикуваше голем револт кај граѓаните, бидејќи се работеше за неколку демонстарнти, а често улицата беше блокирана само со неколку пластични гајби или клупи од блискиот парк.